• вторник, 14 мај 2024
МИА Најави МКД

7 мај 2024

Скопје – Централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај, на која свои обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. (во паркот во општина Аеродром „Авион“/ 12:00, медиумите да пристигнат најдоцна до 11:30)

Скопје – Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија, ќе го одбележат Јом Хашоа – Национален комеморативен ден на Израел, посветен на хероизмот во Варшавското гето. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија/ 12:00)

Скопје – Тркалезна маса на тема: „Одржлива иднина со зелени иновации - важноста на креирање на иновативни образовни центри за развивање на зелени иновациски вештини “ на Сојуз на стопански комори на Македонија. (изјави за медиуми 11:45/ х. „Александар 2“, ул. „Васил  Главинов“ бр. 3/ 12:00 – 13:30)

Скопје – Организацијата „Македонија 2025“ ќе одржи брифинг (медија доручек) на кој ќе биде претставена агендата на годинешниот Самит на Македонија 2025. (х. Мериот/11:00)

Скопје – Здружението „ЗА НАС“ ќе донира намирници со кои ќе се подготвуваат оброци, а подоцна, околу 12 часот истите ќе бидат разнесени низ пунктовите за 230 штитеници во црквите: „Св. Спас“ (Драчево), „Св. Николај Чудотворец“ (Аеродром), „Св. Архангел Михаил“ (Автокоманда), Св. Јован Крстител (Бутел) и „Св. Петар и Павле“ (Ѓорче Петров). (подготовка на оброците во црковно-народната кујна на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче/ 9:30)

Скопје – Контрапункт во рамките на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, организира промоција на македонското издание на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска. (КСП Центар – Јадро/ 19:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан