• четврток, 09 мај 2024
МИА Најави МКД

1 септември 2023 

Скопје – Седници на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/10:00 и 10:15)

Куманово - Премиерот Димитар Ковачевски и министрите за образование и наука Јетон Шаќири и за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“. (Локација: „Киро Бурназ“,  Долно Коњарe/10:00, предвидени изјави за медиумите)

Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го означи почетокот на превентивната кампања „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот". (гимназија „Јосип Броз - Тито“/13:00, изјава за медиуми по завршување на настанот)

Струмица - „Отворена трибина: Македонски труд - Европска социјална политика" во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ на Секретаријатот за европски прашања. (кај Амфитеатарот во парк Струмица/18:00) 

Скопје – Прес-конференција на пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците. (пред влез на Собранието на РСМ/ 11:00)

Скопје - Изјава на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев. (Пред зградата на ЕВН/12:00)

Охрид – 50. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). (Конгресен центар на УКИМ/ 12:00)

Охрид – Меѓународна конференција за правата на Власите, во организација на влашкото здружение ИНТЕГРА НАУ. (х. „Метропол“/17:00)

Скопје – Прес-конференција на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. (х. „Парк“/ 11:00)

Венеција – Режисерката Тамара Котевска ќе учествува на настанот Lights camera impact на фестивалот во Венеција и ќе ја најави премиерата на нејзиниот нов долгометражен документарен филм „The Walk“. (19:00)

Кочани – Кино проекција на филмот „Најсреќниот човек на светот“. (НУ Центар за култура „Бели мугри“/ 20:00)

Скопје – „Ветар Параклет“, самостојна изложба на Димитрие Дурацовски. (Чифте амам/ 20:00)

Велес – Фестивал на џез, ворлд и современа музика. (на големата сцена во театар „Ј.Х.К Џинот – Велес“/ 20:00)

Скопје – Концерт на „Триангл  Пулс“ по повод првиот училишен ден во организација на Општина Кисела Вода. (во Паркот на бранители, населба Драчево/ 19:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан