• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави МКД

4 октомври 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 4/11:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеничката Сафије Садики Шаини. (Прес-центар/12:00)

Велес - Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Адријана Лавчиска програмски директор на Фондација Отворено Општество - Македонија, и Данче Даниловска - Бајдевска, програмски директор на Фондација Метаморфозис ќе се обратат на јавната расправа за нацрт- Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023 -2026). (х.„Романтик“/10:30)

Скопје - Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу ќе одржи брифинг со медиумите. (Клуб на пратеници, сала бр.1 на горниот кат/10:00)

Скопје - Дебата на тема „Изборот и напредувањето во правосудните институции - Преку поголема транспарентност и квалитет, до зголемување на довербата на граѓаните во правосудството“ во организација на Европското движење. (х.„Панорамика“, ул. „Тодор Александров“ бр. 57/9:30)

Скопје - Фондот за иновации и технолошки развој ќе одржи настан на кој ќе се прогласат добитните компании од јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”. (Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, аула на ректоратот/12:00)

Струга - Прва светска конференција за верски дијалог и соработка во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје. (х.„Дрим“/18:00)

-Прес-конференција по повод конференцијата. (х. Дрим/17:45)

Скопје - Регионален самит The New Gen(D)eration во организација на Фондацијата Хајнрих Бел од Сараево во соработка со Коалиција МАРГИНИ од Скопје и со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna. (х.„Холидеј Ин“/9:30)

-Прес-конференција пред отворање на самитот. (9:00-9:20)

Скопје - Форум за праведна транзиција на Енергетската заедница. (х.„Холидеј ин“/9:30)

Скопје - Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски ќе одржи прес-конференција. (Пред Основното јавно обвинителство/11:00)

Штип - Прес-конференција Здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“ од Штип. (Канцеларија на Гласен Текстилец/10:30)

Скопје - Средба по повод 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. (х.„Карпош“/10:00)

Скопје - Прес-конференција по повод претставата „Декамерон“ на режисерот Дејан Пројковски. (Драмски театар/11:00)

-Изведба на преставата „Декамерон“. (Сцена на Драмски театар/20:00)

Скопје - Промоција на книгите „Сè што би сакал да знаев порано“ и „ЈАС и ТИ“ на Коста Петров. (Кафе-бар „Филхармонија“/19:00)

Скопје - Промоција на поетска збирка МЕД И МЛАДОСТ на Гордана Михаилова Бошнакоска. (КИЦ, Салон Империјал 1/19:00)

Битола - Отворање на изложбата „Кондаков во Македонија“ (1900 година) на авторите Емилија Апостолова Чаловска и Јасминка Ристовска Пиличкова. (КЦ Магаза/19:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан