• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД

5 јуни 2024 

Свети Николе/ Тетово – Одбележување на Светскиот ден на животната средина со „зелени“ активности во Свети Николе и Тетово.

- Eвроамбасадорот Дејвид Гир ќе учествува на отворањето на инсталацијата на ветерниот парк „Богословец“ во близина на Свети Николе. (локација: https://maps.app.goo.gl/AxbtuWucbkgBcgUd6   (10:00)

- Евроамбасадорот Дејвид Гир ќе ја отвори Јуроп Хаус во Тетово. (Јуроп Хаус Тетово во рамки на Домот на културата/ 11:15)

Скопје –  Прес-конференција на Форумот на немнозинските заедници. (Градски ресурсен центар, бул. „Климент Охридски“ бр. 21/ 11:00)

Скопје – Форум за разумни политики организира презентацијата на истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“, реализирана за време на и по парламентарните и претседателските избори во април/мај 2024 година. (х. „Панорамика“/ 10:00)

Скопје - Јован Деспотовски ќе даде изјава по повод поднесување на кандидатурата за претседател на СДСМ. (спроти Музеј на град Скопје, до бифе Комуна/11:55)

Скопје – Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) ќе одржи комеморација во чии рамки ќе одадат почит на архитектите Мимоза Томиќ, Благоја Колев, Трајко Димитров, Ѓорѓи Константиновски, Ратко Раѓеновиќ и  Михајло Митровиќ со потсетување на нивното дело и придонес кон македонската архитектура. (простории на Комора на овластени архитекти и овластени инженери, ТЦ „Буњаковец, кат 2/ 12:00)

Скопје - Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ) организира настан за поддршка за палестинскиот народ и изложба со фотографии од Газа. (во Кампусот на ИБУ/12:00)

Охрид – Прес-конференција на која ќе биде претставена  Програмата на годинешното 64-то издание на фестивалот „Охридско лето“. (во предворјето на црквата „Света Софија“/ 11:00)

Скопје – Свечен собир во чест на Гане Тодоровски (95 години од раѓањето) и Петре М. Андреевски (90 години од раѓањето) во организација на Институтот за македонска литература – Скопје. (Амфитеатар на ИМЈ „Крсте Мисирков“ – Скопје/ 12:00)

Скопје – Репризна изведба на балетот „Чиполино“, во продукција на Bullfrogs Ballet. (МНТ, голема сцена/ 19:00)

Скопје – Гала филмска вечер „Кан во Скопје“ со проекција на филмот „Втор чин“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. (кино „Синеплекс“ – Скопје Сити Мол/ 20:00)

Скопје – Со предавање на светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед и промоција на новиот албум на Светлост започнува 12. издание на Викенд на гордоста – Скопје 2024. (Музеј на современа уметност/ 19:00)

Скопје – Прес-конференција по повод второто издание на Стрип Трип фестивал 2024. (МКЦ/ 11:00)

Скопје – Отворање на самостојната изложба на слики „Допир“ од Гордана Јаневска. (во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, ГТЦ,  2кат, локал 306/  20:00)

 __________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан