• недела, 19 мај 2024
МИА Најави МКД

14 декември 2023 

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери на протоколарна средба со норвешката амбасадорка Кристин Мелсом. (Собрание, Стар кабинет/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили и претседателот на Комитетот за одобрување на инвестиции Марвин Лиао ќе се обратат на настанот по повод 10 години од формирањето на Фондот за иновации и технолошки развој. (х.„Лимак“/11:00, пристигнување на медиумите во сала „Лимра“/10:50)

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се обрати на отворањето на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“ во организација на Центарот на истражување и креирање политики и конзорциумот СМАРТ Балкан. (х. „Хилтон“/9:30, изјави за медиумите/9:00) 

Скопје - Заменик-министерката за надворешни работи на Северна Македонија Фатмире Исаки, амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир и директорот за координација на програми на Советот на Европа Клаус Неукирч ќе присуствуваат на воведниот панел на првиот состанок на Управниот одбор на корисниците на Horizontal Facility. (МНР, Амфитеатар/10:00)

Скопје - Македонската соларна асоцијација - Солар Македонија ќе ја одржи Втората годишна соларна конференција. (х.„Александар Палас“, конференциска сала 2/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на Државниот испитен центар. (Пред зградата на ДИЦ/10:30) 

Скопје - Еко свест ќе одржи брифинг со медиумите за клучните случувања кои ги одбележаа секторите животна средина, клима и енергија. (х.„Панорамика“/10:00-12:00)

Скопје - Еврејската заедница во земјава ќе го прослави осмиот ден од празникот Ханука или празник на Светлината. (Зграда на Еврејската заедница, ул.„Борка Талески“ бр.24) 

Скопје - „Балканската истражувачка репортерска мрежа“ (БИРН) и Меѓународната непрофитна организација „Глобален медиумски регистар“ (ГМР) ќе одржат промоција на базата за медиумско сопствеништво. (Европска куќа/14:00)

Скопје - Новогодишен добротворен базар за користен накит и други убави подароци.  (Bar Intermezzo, ул.„Народен фронт“/16:00)

Скопје - Последна гала филмска вечер за 2023 со проекција на филмот „Повторно родена“. (кино „Милениум“/20:00)

Скопје - Разговор со поетот Андреј Ал-Асади. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, спомен-соба „Т’га за југ“/19:00)

Скопје -  Промоција на книгата „Новите добри времиња“, разговор, поетско читање и танц по повод пет години постоење на Феминистичката платформа Медуза. (локал „Котур“/19:30)

Скопје - Промоција на научната студија „Типологија на писмото“ од Игор Радев, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик. (МАНУ/12:00)

Скопје - Промоција на романот „Живот без сведоци“ на Наташа Сарџоска. (Музичко кафуле „Филхармонија“/19:00)

Битола - Промоција на монографија и изложба на уметнички дела од Јордан Манасијески. (Офицерски дом/18:00)

Скопје - Отворање на изложба на графики насловена „КАЛАМОТА-Светлина на крајот на кругот“ од авторот Влахо Бранѓолица. (Дом на култура „Кочо Рацин“, галерија „КО-РА“/19:00) 

Скопје - Театар Пи со нов мултимедијален перформанс „Далеку од нас“. (Центар за култура во Ѓорче Петров/20:00) 

Скопје - Музичко-сценски спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на Национална опера и балет и НУ „Танец“. (Национална опера и балет/21:00)

Скопје - Оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот „Мистика“ - посветен на опусот на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. (Филхармонија/20:00)

Скопје - „Како дома“, акустичен концерт на Дина Јашари. (КИЦ/20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан