7 ноември 2025
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со Делегацијата на Меѓупарламентарната група за пријателство Шведска - Северна Македонија на шведскиот Риксдаг. (Сала на Уставна комисија/13:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. (Сала 4/11:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. (11:00/Предвидени се изјави за медиуми, локација на настанот: населено место Драчево
https://maps.app.goo.gl/rvQNCzhLtBb8w6ev6?g_st=aw )
Скопје - Конститутивна седница на Советот на Град Скопје со новото конститутивно мнозинство (Сала на Советот/10:00)
Скопје - Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе даде изјава во врска со приватните превозници во ЈСП. ( на паркингот пред СЦ ,,Борис Трајковски”/ 13:00)
Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, официјално ќе го преземе својот втор мандат како градоначалник. (10:00)
Скопје - Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија ќе ја додели наградата „Вавилон ЗПРМ“ за 2025 година.(ДПМ/18:00)
Истанбул - Поетска вечер насловена „Писма од Македонија“ - Поетски портрет на Бранко Цветкоски. (Македонски културен центар во Истанбул/18:30)
Софија - Отворање на изложбата „Слики од под планината“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски. (Галерија на Македонскиот КИЦ во Софија/18:30)
Битола - Промоција на документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“. (кино Манаки/18:00)
Скопје - Изведба на операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало. (Национална опера и балет, голема сцена/20:00)
Скопје - Седмо издание на „Андерфест“.
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***