МИА Најави МКД
- 7 септември 2024

МИА Најави МКД
7 септември 2024
Скопје – Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2024 година. (Кристална сала/ 11:00)
Кавадарци - Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски со претставници на Комисијата за земјоделство на партијата, претставници на општинските организации и советниците од Советот на општината од редовите на СДСМ, ќе биде во посета на Кавадарци и Неготино. (изјава за медиуми/пред зграда на општина Кавадарци/13:00)
Небрегово – Културно-туристички настан „Зборот на Конески – гајдата на Пеце“. (во спомен-домот „Блаже Конески“/ 11:00)
Скопје – Петто јубилејно одбележување на најголемиот празник 8 Септември - Независна Македонија. (игралиште Нерези/ 20:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***