• вторник, 14 мај 2024
МИА Најави МКД

14 јули 2023 

 

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Улман ќе присуствуваат на јавната презентација на Националниот регистар за подземни води на Република Северна Македонија. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседателката на Македонското Монтесори здружение, Билјана Стерјадовска Стојчевска ќе го означат почетокот на работата на Центарот за дневен престој за деца со попреченост во Општина Карпош. (Центарот е лоциран во рамки на Основното училиште „Вера Циривири – Трена“ во населбата Карпош 2 /14:00)

Штип - Свечено отворање на Балканското првенство во одбојка на песок во организација на Општина Штип и Одбојкарската федерација на Македонија. (Спортски центар Џексон/20:30) 

 

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

 

Остани поврзан