• сабота, 21 декември 2024
МИА Најави МКД

23 јануари 2024 

Скопје - Седница на Законодавно правната комисија. (Сала 4/12:00)

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе одржи средба со Едуардс Борисовас, амбасадор на Република Литванија. (Стар кабинет /14:00)

Скопје - Претставници на Светска банка ќе одржат средба со Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за транспорт, врски и екологија и Комисијата за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ќе се обратат на годишната конференција „Година на европски можности“. (х.„Александар Палас“)

-10:00 - Официјално отворање на конференцијата со обраќање на премиерот Ковачевски. https://www.youtube.com/watch?v=YfUE9-D-r2M

-10:15  - Обраќање на конференцијата на првиот вицепремиер Груби. https://www.youtube.com/watch?v=Re1JP98QTwc

-10:30 Панел 1 На патот кон ЕУ: Искористување на можностите за брза интеграција. https://www.youtube.com/watch?v=tccNJ_bI7Qk

-11:45 Панел 2 - Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина. https://www.youtube.com/watch?v=GG0mgrbwSWE

-13:00 Панел 3 - Европски можности преку модернизација на социјални, образовни и здравствени политики. https://www.youtube.com/watch?v=eo3b1Ykg3uM

-14:15 Панел 4 - Демократија, правда, ефикасност - реформски процеси за клучни европски вредности и стандарди. https://www.youtube.com/watch?v=bI65hEp-Z9E

Демир Капија - Потпишување Меморандум за разбирање помеѓу градоначалниците од 11 општини, Делегацијата на ЕУ и Амбасадата на Франција за формирање на Организација за управување со дестинација (ОУД) во рамките на Вардарскиот и Југо-Источниот плански регион. (Винарница „Кралица Марија“ во Демир Капија/13:30)

Скопје - Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентирано истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2023 година“. (Простории на Граѓанскиот ресурсен центар, бул. „Климент Охридски“ број 21/12:00)

Скопје - Изложба на отворено насловена како „Мироносно цвеќе за пријателство“ во организација на македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски - Цветин. (Пред Спомен куќата на Мајка Тереза/12:00)

Скопје - Директорот на Агенцијата за млади и спорт; Наумче Мојсоски
и претседателот на Пинг-понгарската федерација на Северна Македонија, Горан Тиловски ќе одржат прес-конференција по повод Европско првенство во пинг понг. (Агенција за млади и спорт/10:00)

Скопје - Jazz Nova - прв концерт на Националниот џез оркестар. (Национална опера и балет/20:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан