• вторник, 25 март 2025
МИА Најави МКД

25 март 2025

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани. (Локација https://maps.app.goo.gl/aDXBUvcxvcmTVYqB7 - 10:30)

Штип - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе ги посети ОУ „Ванчо Прке“, СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Славчо Стојменски“, како и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. (Изјава за медиумите во СОУ „Јане Сандански“/9:50)

Скопје - Македонскиот институт за медиуми денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година. (Intermezzo/12.00)

Скопје - Премиера на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна", изработен во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација" финансиран од Европската Унија. (Кино Фросина, МКЦ/19:00)

Скопје - Отворање на Третата меморијална ликовна изложба “Стоп на теророт, да не се повтори!”, во организација на Родокрајното здружение “Загоричани” и академскиот скулптор Петре Наневски, а во реализација на Музеј на град Скопје, по повод одбележувањето на 120 години од трагедијата во селото Загоричани (1905 – 2025). (Музеј на град Скопје/20.00)

Скопје - Хуменитарен концерт на Националниот џез оркестар и Мариа Мендеш. (Национална опера и балет/20:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 


 
 
 

 



 
 

 
 

 

 

 

Остани поврзан