• недела, 05 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

9 март 2023

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 91. седница. (сала „Македонија“/ 12:00)

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се сретне со полскиот амбасадор, Војциех Тицињски. (Стар кабинет/ 10:00)

Скопје -  Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со Делегација од израелскиот Кнесет. ( Сала на Влада/ 14:30)

Битола -  По повод Денот на депортацијата на македонските Евреи, собраниска делегација ќе положи цвеќе пред Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола и пред Споменикот на Естреја Овадија-Мар (Здравствен дом „Хаим Абраванел“/ 11:45, 12:15 часот)

Скопје - Во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи настан по повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од ЕУ за справување со енергетската кризата. (Влада на РСМ/ 10:30/Видео линк за пренос во живо од Свечена сала: Линк од настанот на македонски јазик/  Видео линк за пренос во Медија центарот: Прес-конференција на премиерот Ковачевски и евроамбасадорот Гир на македонски јазик)

Будимпешта - Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи утре ќе престојува на работна посета на Република Унгарија.

Скопје - Конференција „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка“, на која ќе присуствуваат министерот за финансии Фатмир Бесими и претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.(хотел Лимак/ 09:00)

Скопје - Воведен настан за Програмата за управување, користење и заштита на подземните води, каде ќе се обрати министерката за животна средина Каја Шукова (Ресторан Воденица Мулино/10:00.Изјави за медиуми/09:45)

Скопје - Одбележување на Светски ден на бубрегот „Здрави бубрези за сите - Да се подготвиме за неочекуваното, да ги заштитиме најранливите” во организација на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија-Скопје. (Хотел Double Tree by Hilton/ 13:30)

Скопје - Одбележување на Светскиот ден на бубрегот од Здружението Нефрон Скопје (ул.11 Октомври бр.17, сала на Социјалистичка партија 2 кат/ 10:00)

Скопје - Прв настан на Група на пријателство МПЦ-ИВЗ ( хотел „Александар Палас“/ 09:00)

Скопје - Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) ќе одржи брифинг во врска со новите измени на Законот за игри на среќа. (Хотел „Queens“, ТЦЦ Зебра, Капиштец/10:00)

Скопје - Изложба „Париски рефлексии 2“ (Чифте амам/ 12:00)

Скопје - Изложба „Пејзаж на вознемиреност (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени)“ (Музејот на современата уметност - Скопје/ 20:00)

Скопје - Концерт насловен „Бедем“ (Филхармонија/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан