• недела, 24 ноември 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

20 октомври 2023 

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Тини Кокс и Золт Немет, претседател на Комитетот за политички прашања и демократија ќе се обратат на Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/9:00-18:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија Хасан Мехмет Секизќок и Нихат Оздемир, почесен претседател на групацијата Лимак ќе се обратат на свеченото отворање на новиот трговски центар „Diamond Mall“. (Главен влез на „Diamond Mall“, спроти автобуската постојка на булеварот „Св. Кирил и Методиј“/10:00, не се предвидени одговори на новинарски прашања)  

Велес - „Отворен Кабинет“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. (СВР Велес/11:00)

- Инсерти од пристигнувањето и рапорт на министерот Спасовски. (Пред објектот на СВР Велес/11:00, изјава за медиуми во 12:30)

Скопје - Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе одржи средба со претставниците на бизнис заедницата и на стопанските комори. (Клуб на пратеници/10:00)

- Прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. (11:00)

Скопје - Демократското Движење организира панел дискусија на тема „Негативното влијание на казината и коцкањето врз семејството и соочувањете со оваа девијантна појава“. (х.„Австријан Палас“, наспроти Ист Гејт/11:00, изјава на лидерот на Демократското Движење Изет Меџити)

Скопје - Асоцијацијата за корпоративна безбедност - Скопје во соработка со Асоцијацијата за корпоративна безбедност на Југоисточна Европа организира меѓународна конференција. (Конференциска сала на ДИМ на АРМ/9:45)

Охрид/Струга - Национална турнеја на проектот „Простор за разговор“- „Dancing (Talking)Table“. (Младински центар во Охрид/11:00 и во х.„Дрим“ во Струга/13:00) 

Скопје - Промоција на Здружението за помош и поддршка на лица со афазија - ХОУП Скопје. (Адвокатска кaнцеларија Марковска и Андреевски - Скопје, ул.„Орце Николов“ бр.75/13:00)

Скопје - Изложбата “Портрет на Кралот Алкохол” на фотографката и уметница Соња Ставрова. (Младински културен центар/20:00)

Охрид - Промоција на книгата „За македонистиката отворено“ – I книга на Свето Стаменов и проф. д-р Димитар Пандев. (Општина Охрид, голема сала/12:00)

Скопје - Промоција на книгата „Во хаосот радост“ од авторката Калиа Димитрова. (Бар Бруталиск/20:00)

Скопје - Отворање на меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“. (Музеј на современа уметност/20:00) 

Париз - Отворање на изложбата на Јана Манева-Чупоска со наслов „Паришки нацртан филм“. (Македонска амбасада/17:00)

Скопје - Премиера на претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов. (Театар Комедија/20:00)

Скопје - Комеморација по повод смртта на неодамна починатиот истакнат пејач од прв ред – солист на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“, Далибор Ѓошиќ. (Простории на „Танец“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, в.д. претседателот на Карате федерацијата на Северна Македонија Бесник Мурати и селекторите Александар Кузмановски во борби, Стојан Андриевски во кати за настапот на 26-то светско првенство во карате за сениори што ќе се одржи во Будимпешта. (Агенција за млади и спорт/11:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан