4 јули 2025
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“ / 12:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на настан „Демографски трендови, предизвици и можни решенија - Развој на стратешки документи за демографска отпорност“. (Свечена сала во Владата/11:00)
- изјави за медиуми на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и на националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси, Владимир Ѓорчев (пред Свечена сала/10:45)
Куманово - Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе го посети граничниот премин „Табановце-Прешево“ со цел пуштање во употреба на системот One Stop за заедничка интегрирана контрола. (14:00, По настанот е планирана изјава за медиумите)
Скопје - Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе одржи прес-конференција. (Влада, Медија-центар/10:30)
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе одржи прес-конференција. (Влада, Медија-центар/12:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и раководството на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) ќе го посетат Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“. (10:00)
Скопје - Дваесет и шеста седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија (10:30)
Скопје - Свечено отворање на Амбасадата на Казахстан во Македонија на која ќе се обратат амбасадорот на Казахстан во земјава Сатибалди Буршаков и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. (Простории на Амбасадата, ул. „27 Март“ бр. 7/2 / 12:30)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи 20-та седница. (https://zoom.us/j/95969871108?pwd=kmgsjfQMKVFcf3xgWIva2axeqTmbAC.1/ 11:00)
Скопје - Прес-конференција на лидерите на Вреди (Влен) по повод една година од владеењето. (х. „Холидеј ин“ / 17:00)
Тетово - Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, ќе присуствува на промоција на електрични тротинети. (Градски плоштад /10:30; предвидена е изјава за медиумите)
Скопје - Прес-конференција на Месната заедница „Галичник“ и Пивара Скопје на која ќе бидат претставени младенците и програмата на годинашната Галичка свадба. (Пивара Скопје /10:00; пристигнување на медиумите /9:45)
Белград - Отворање на изложбата „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска. (КИЦ на Република Северна Македонија во Белград/19:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***