МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 6 ноември 2025
6 ноември 2025
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас во врска со Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2025 година, по што ќе се одржи заедничка прес-конференција. (Влада на РСМ/15:30)
Скопје - Во организација на Парламентарниот институт ќе се одржи едукативна активност „Имам став“. (Собрание, сала Борис Трајковски/09:00-12:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на нов Културен дом во општина Петровец. (11:00, предвидена изјава за медиумите)
Ѓуешево - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов ќе го потпишат Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8. (Железничка станица Ѓуешево)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на работилница за изработка на новата стратегија за образование 2026-2032. (х. Лимак/09:30)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на конференцијата „Науката како патоказ во време на промени“. (ИНОКС центар, плоштад Македонија/12:00)
Скопје - Амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас и претседателот на жири-комисијата за ЕУ наградата за истражувачко новинарство, Валентин Нешовски ќе се обратат на доделувањето на Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2025. (Europe House/19:00)
Скопје - Форум за социјални претприемачи во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). (Europe House/09:00)
Скопје - Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со заедничката програма на Европската унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ ќе одржат партиципативен форум на тема „Врсничко насилство како пречка за инклузивност и доверба меѓу заедниците”. (х.„Александар Палас“/10:00)
Скопје - Прес-конференција по повод големиот стенд-ап спектакл „На Линија со Атанас И Тино“. (СЦ „Јане Сандански“, конфееренциска сала/11:00)
Скопје - Прес-конференција по повод претстојниот концерт на АРЕА и промоција на винилното издание на ,,Врати на имагинација". (Аудиокултура/13:00)
Скопје - Книжевна вечер со Фросина Пармаковска посветена на српското издание на романот „Одбројување“. (Простории на Српскиот културно-информативен центар „Спона“/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата АВТОПОРТРЕТИ и неколку ПАЛЕТИ на Миро Масин. (Галерија ОСТЕН/19:00)
Скопје - Отворање на модната изложба „Музиката во модата" во организација на Францускиот институт во Скопје и Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“. (Француски институт/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата Земјата која се промислува постојано - креативен геофилозофски патопис. (Музеј на современа уметност/19:00)
Скопје - Петто издание на најхедонистичкиот фестивал SKOPJE WHISKEY FEST 2025, во организација на Боттега Евенти. (х.„Мериот“)
Скопје - Солистички рецитал за баритон и пијано насловен „Звуци на срцето и душата“ во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“. (КИЦ, Салон 19 19/20:00)
Скопје - Концерт на Националниот џез оркестар и легендарниот американски состав „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets). (Национална опера и балет/20:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***