• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

28 февруари 2024 

Тирана - Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во работна посета на Тирана, каде што ќе учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа. Претседателот Пендаровски ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот, а предвидено е да оствари и билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 145-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/11:00)

Скопје - Вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски ќе се обратат на РЕДИ Самит 2024. (х.„Мериот“/9:30, изјави за медиумите/10:00)

Скопје - Седница на Уставниот суд. (Уставен суд/9:30) 

Скопје - Состанок на Управниот одбор на Балканската интерагенциска мрежа за менаџмент со одземен имот (Бамин мрежа). (х. Арка / 11:00)

Скопје - Презентација на анализата „Чист воздух-основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за правни истражувања и анализи.  (х.„Панорамика“/11:30)

Скопје - Годишно собрание на Македонската академија на науките и уметностите. (МАНУ, свечена сала/12:00)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. (Работнички дом, зграда на ССМ, 10 кат/13:00)

Скопје - Прес-конференцијата на Коалицијата „ВРЕДИ”. (Прес-центар на Собранието на Република Северна Македонија/11:00)

Скопје - Прес конференција на лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и претседателски кандидат Максим Димитриевски. (бул. „Свети Климент Охридски“ бр.66/12:00)

Скопје - Предавање на тема „Почетокот на патот на свилата“ на Игор Радев. (КИЦ, Салон 19.19/19:19)

Скопје - Отворање на „Лаб дизајн маркет“ изложбен салон и заедница на дизајнери и занаетчии од Северна Македонија. (Простории на центарот „Лабораториум“, бул.„Климент Охридски“ 68/12:00)

Скопје - Фриленсерска дружба во Стартап Клуб Скопје. (18:00)

_______________________________________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини.

Остани поврзан