• петок, 19 април 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

3 март 2023

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ќе го посетат објектот на детската градинка „Пролет", која е во фаза на изградба. (10:30)

Скопје – Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и шефот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Дејвид Гир ќе го одбележат Светскиот ден на дивиот свет и 50-годишнината од Конвенцијата на меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора. (Европска куќа/ 11:00)

Скопје – Изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски по отворањето на спортска сала во населено место Стајковци. (Локација: https://www.google.com/maps?q=42.027702,21.513450&entry=gps&g_ep=CAESCTExLjY4LjcwMBgAQgJNSw%3D%3D&shorturl=1/ 12:30)

Штип/ Битола – Продолжува втората фаза од консултациите на локално ниво за креирање на новата Национална стратегија за млади 2023-2027. (Штип, во Млади хаб, Дом на културата „Ацо Шопов“/ 9:30; во Битола, во Офицерски дом/ 9:30)

Скопје – Отворање на Месецот на франкофонијата со гала филмска вечер и проекција на францускиот филм „Со полно работно време“. (кино „Милениум“/ 20:00)

Скопје – Одбележување на 23 години постоење на Клиниката „Жан Митрев“ со изведување на два специфични зафати во еден ден на Клиниката - операцијата TAVI – Transcatheter Aortic Valve Implantation - имплантација на вештачка валвула односно третман на тешка аортна стеноза без операција. (Клиника „Жан Митрев“/ 11:30)

Скопје – Поетска вечер дел од проектот „Вечното танго на Астор Пјацола“. (Галерија „КО-РА“, ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“/ 19:30)

Битола – Изложба „Пикасо можеби јас“.  (Завод и Музеј/ 19:00)

Скопје – „Мразам playback“ изложба на Никола Јовановиќ. (Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан