26 јуни 2025
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Собрание на РСМ, Сала на Влада/10:00)
Скопје - Собранието ќе ја одржи 57-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Посета на Мисијата за процена на потребите на ОДИХР при ОБСЕ. (Собрание на РСМ, Сала на Уставна комисија/10:00)
Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе се обрати на одбележувањето на Денот на Управата за финансиска полиција. (Клуб на пратеници /19:00; Изјава за медиуми на премиерот Мицкоски пред настанот)
Скопје - Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по повод отчетот за сработеното во изминатата година. (Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство / 9:00)
Скопје - Министерството за економија ќе одржи прес-конференција. (Медија центар на Владата/11:00)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот Сали Мурати. (Собрание на РСМ, Прес-центар/11:00)
Скопје - Тркалезна маса на тема „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“ во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите, ЕЦПД Регионалниот институт за развојни студии (РИДС) Скопје, при Универзитетот за мир основан од ООН и Дипломатскиот клуб - Скопје. (МАНУ, Амфитеатар/9:30)
Скопје - 54. сесија на Клубот на истражувачите на Народна банка на која ќе биде презентиран трудот „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути. (Народна банка/14:00)
Скопје - Прес-конференцијата на Град Скопје пред Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. (11:00)
Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) (КСОМ/11:30)
Скопје - Здружението Новинари за човекови права и Националното координативно тело на Светскиот марш на жената во Македонија ќе одржат тркалезна маса на тема „Улогата на жената во одржувањето на мирот“. (Центар Гнездо/11:00)
Скопје - Прв Регионален саем за економски развој „Експо Илинден 2025“. (Спортска сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден/10:00)
Скопје - Седмо издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија. (МКЦ, „Фросина“/18:00)
Скопје - Самостојна изложба на Филип Јовановски - „Градот е јавност - #2 дел Случајот Скопје 1945-2025“. (Кино на Железничката зграда/20:30)
Софија - Концерт на КУД „Дримкол“ од Вевчани, насловен „Од Вевчани до Софија: македонска култура и традиција во ритам“. (Македонски културно-информативен центар /18:30)
Скопје - Концерт за деца „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“ во рамки на фестивалот „Скопско лето“. (Сули ан/20:00)
_____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***