МИА Најави - МКД (ДПЛ)
- 31 август 2025
31 август 2025
Скопје - Прес-конференција на министерката за образование и наука Весна Јаневска (Министерството за образование и наука/12:00)
Охрид - Прва теренска активност во Охрид во рамки на кампањата за промоција на Националниот портал uslugi.gov.mk, чиј официјален почеток ќе го означи министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. , по што е предвидена и изјава за медиуми во 12:15 часот. (Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“/12:00/ 12:15 изјави за медиуми)
Скопје - Откривање на мурал во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“ ( Улица „Орце Николов“ бр.106/10:30)
Скопје - Прес-конференција на Федерацијата на Независни и самостојни синдикати во МОН. ( Канцеларијата на КСОМ во Керамидница/11:00)
Скопје - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со потпретседателката и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, ќе присуствуваат на настанот за откривање на мурал во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“.(Улица Орце Николов бр. 106 во Скопје, општина Центар/11:30 изјави за медиуми)
Скопје - првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, како и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, пред наставниците на Чаир ќе ја презентира Визијата за образованието. (Основното училиште „Исмаил Ќемали“, во Чаир/13:00)
Скопје - Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи ќе оствари отворената средба посветена на децата со посебни потреби и нивните семејства во Чаир, на која ќе го претстави проектот „Чаир за сите деца; Инклузија и Поддршка“. (Кафетерија до ресторан ДЕА, Чаир/12:30)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***