
14 мај 2025
Скопје - Собранието ќе ги одржи 47. и 48. седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со Карен Пирс, специјален пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. (Стар кабинет/10:00)
Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром. (10:45 предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми)
Тетово - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе присуствува на отпочнувањето на реконструкцијата и проширувањето на примарната водоводна мрежа во тетовската населба Вонвардарска, која е дел од проектите финансирани преку потпрограмата АА - Инфраструктурни проекти во општините за 2024 година. (Локација: https://maps.google.com/maps?q=41.99062728881836%2C20.965866088867188&z=17&hl=en / 11:00)
Скопје - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, ќе се обратат на конференцијата „Гаранција за деца – инструмент за искоренување на сиромаштијата и исклученоста на децата“. (х.„Холидеј ин“/11:00)
Скопје - Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски ќе ја отвори регионалната конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“. (х. „Лимак“ /11:30)
Брисел - Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови.
Скопје - Седница на Судскиот совет на РСМ. (Судски совет/10:00)
Скопје - Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија организира дискусија на тема: „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските текови: Патот напред за македонската економија“. (Стопанска комора, сала 4, кат 5 / 13:00)
Штип - Тркалезна маса во организација на Филолошкиот факултет на Штипскиот универзитет по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик. (Тренинг центар на УГД во просториите на Правен факултет/11:00)
Скопје - Претставување на средни стручни училишта со поддршка на Занаетчиска комора Скопје. (ОУ „Блаже Конески” во Општина Аеродром /11:00)
Скопје - Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе присуствува на примопредавање на донација со инвалидски колички за Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир. (Гинеколошка болница „Мајка Тереза“/10:00)
Скопје - Едукативна работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство. (Општина Гази Баба, голема сала /18:00)
Куманово - Информативна сесија „Граѓанска регистрација и бесплатна правна помош – бидете видливи, регистрирајте се!“. (поранешен Комитет/13:00).
Скопје - Промоција на книгата „Табу - време на страв и страдање: прогонувањето на Македонците во Бугарија во времето на комунизмот“ од копретседателот на ОМО „Илинден“ - Пирин, Стојко Стојков. (книжарница на „Матица македонска“ на бул. „Св. Климент Охридски“ во Скопје, изјави во 19 часот)
Скопје - Промоција на Прирачник за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор од проф. д-р Ангелина Станојоска. (Простории на Нетавил / 14:00)
Скопје - Промоција на научната студија на проф. д-р Миодраг Лабовиќ „Системско владеење на правото против системската корупција и организираниот криминал – Стратешка визија со конкретни, реално одржливи решенија за нашите најголеми општествени проблеми - како Македонија може да стане функционална држава“. (СЦ Спортски центар „Борис Трајковски“, промотивен штанд на Саемот на книга/13:00)
Скопје - Меѓународниот балкански универзитет организира панел-дискусија со Осман Арслан, генерален директор на Халкбанк Турција, на тема: „Глобален банкарски систем и иднината на банките во Турција и Балканот“. (Простории на Универзитетот / IBU Blue Amphi / 14:00)
Скопје - Прес-конференција на Здружение O2 Иницијатива, Граѓанска иницијатива Шанса за Центар и Граѓанската иницијатива Независни за Карпош - За заштита на Карпош. (Пред Собранието на РСМ /13:00)
Битола - ЈУ Национален парк „Пелистер“ организира инфонастан „Мониторинг на лилјаци - еколошка едукација и заловување со мрежи“. (Информативен центар/17:30)
Скопје - Прес-конференција по повод Меѓународниот ден на семејството – 15 Мај на СОС Детско село. (Кафе бар НЕСТ / 12:00)
Скопје - Отворање хаб за собирање и селекција на пластичен отпад во организација на Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип во рамките на проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“. (Нетавил /12:00)
Битола - Прес-конференција на НУ Центар за култура-Битола организира по повод новото издание на Интернационален фестивал на монодрама - Битола 2025. (Мала сала/12:00)
Скопје - Поетско-музички перформанс на стихови од Тихомир Јанчовски со наслов „Пеколот е мало место". (Културен простор Јавна соба /20:00)
Скопје - Промоција на книгата „Табу - време на страв и страдање: прогонувањето на Македонците во Бугарија во времето на комунизмот“ од Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден“ - Пирин. (Книжарница на „Матица македонска“ на бул. „Св. Климент Охридски“/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата насловена „Нурни во мене“ на Сашо Блажес. (Музеј на Град Скопје/20:00)
______________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***