• петок, 26 април 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

1март 2023

Скопје – Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се сретне со специјалниот пратеник на ЕУ за Србија - Косово дијалогот, Мирослав Лајчак. (Стар кабинет/ 13:30)

Скопје - Средба на претседателот Стево Пендаровски со високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел. (Кабинет на претседателот/16:15; фоторепортери и сниматели)

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски ќе претседава со XVI Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација Република Северна Македонија – Европска Унија. (Акредитираните медиуми во медија центарот на Владата најдоцна до 08:15)

- пленарна сесија која ќе ја отвори премиерот Ковачевски во својство на претседавач со Советот за стабилизација и асоцијација. (Свечена сала на Влада/09:30)

- прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски, високиот претставник на Европската Унија Жозеп Борел и комесарот на ЕУ за проширување и добрососедство Оливер Вархеји. (Медија центар/11:40)

Скопје - Средба на министерката за одбрана Славјанка Петровска со високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел. (Министерство за одбрана/ 15:45)

 

Скопје – Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ќе се сретне со генералниот директор на ТАВ, Метин Батак и претставници од ТАВ и ТАВ констракшн. На средбата ќе се разговара на тема реализацијата на проектите од ТАВ програмата. (Изјава за медиуми,  на платото пред Влада/13:00)

Скопје – Министерот за здравство Фатмир Меџити и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити ќе присуствуваат на настан по повод 78-годишнината од основањето на Црвениот крст на РСМ и 28 години од полноправното членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. (х. „Хилтон“/ 11:00)

Охрид – Комитетот за односи меѓу заедниците ќе оствари работна посета на Општина Охрид и средба со градоначалникот, претседателот на Советот и советниците на Општината, со цел реализација на Програмата за работа на Комитетот за 2023 г. за соработка со комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво.

Скопје – Панел-дискусии на тема: „Враќање и задржување на домашниот млад високообразован кадар од Република Словенија во Република Северна Македонија...И КАКО“. (Стопанска комора, голема сала на 5-ти кат/11:00, изјави за медиумите/10:45 – 11:00)

Скопје – Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите ОДАС организираат предупредувачки протест. (Пред МОН/ 12:30)

Скопје – Промоција на новата книга „The Early Christian Mosaics in the Ohrid region“ од Мишко Тутковски. (Музеј на македонската борба/ 13:00)

Битола – Потпишување договор за соработка меѓу универзитетите „Св. Климент Охридски“-Битола и „Мајка Тереза“- Скопје. (Ректорат/ 12:00)

Битола – Изложба антологиски избор на графика од словенечки уметници. (Офицерски дом/ 19:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Тагови

Остани поврзан