
3 март 2025
Велес - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на националната конференција „Заедно сме посилни“ во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес. (х.„Глориус“/12:00).
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот Амар Мециновиќ од „Левица“. (Прес-центар Собрание/ 11:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ во организација на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Ректорат на УКИМ/10:00)
Скопје - Прес-конференција на Сојузот на синдикати на Македонија. (зграда на ССМ, 10-ти кат/12:00)
Скопје - Прес-конференција на пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска. (Седиште на партијата/11:00)
Прилеп - Со едукативна трибина почнува кампањата за подигнување на свеста за рак на дојка - „Дијагноза, третман, естетика“. (Библиотека „Борка Талески“/15:00)
Скопје - Работилница со родители од Ѓорче Петров на тема „Врсничко насилство“ во рамки на кампањата на „Макпетрол“. (Дом на културата/ 18:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***