• понеделник, 01 јули 2024
МИА Најави - МКД (ДПЛ)

1 јули 2024

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ќе присуствува на поставување камен темелник на нова детска градинка. (10:45, предвидени изјави за медиуми)

Скопје - Прес-конференција по повод протоколарната средба меѓу министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот на Европска Унија Дејвид Гир. (медија центар на Министерството за европски прашања, старо СЕП/14:30, пристигнување на новинарските екипи најдоцна до 14:15)

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе одржи брифинг-појадок со претставници на медиумите (новинари и сниматели, х.„Панорамика“/11:00)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија организира пикник насловен „Бизнис дружење со најуспешните членки“. (х. Белви/18:00)

Скопје - Здружението за помош на лица со фенилкетонурија, ПКУ Херои, ќе одржи презентација на поштенска марка посветена на ретки болести, издадена од филателија на Македонска Пошта. (х. Хилтон / 11:00)

Скопје - Предавање на Изабел Лорај, една од најинтересните современи промислувачки на квир феминизмот во рамки на Програмата на КРИК 09 – фестивал за критичка култура. (Национална галерија Чифте амам/19:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан