• петок, 22 ноември 2024

Во Берово почна пријавувањето на штети од минатонеделното невреме

Во Берово почна пријавувањето на штети од минатонеделното невреме

Берово, 1 јули 2024 (МИА) - Во Берово почна пријавувањето на штетите од минатонеделното невреме кое ги зафати селата Двориште и Ратево. За таа цел, Општина Берово распиша јавен повик до жителите од гореспоменатите села кои имаат причинета материјална штета од невремето врнежи од град, кое ја зафати територијата на општината во вторник да ја пријават штетата до Комисијата за проценка на штети на општината.

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од пет дена, односно најдоцна до 05 јули 2024 година.

-Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Берово ул. „Димитар Влахов” бр.10 во Берово. Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува. Сите лица кои ќе се јават по распишаниот јавен повик треба да пополнат пријава за штети која во електронска форма е објавена на веб страницата на општината. Комисијата во предвид ќе ги земе сите барања кои по овој основ се поднесени до Општина Берово во период од 01.07.2024 до 05.07.2024 година. Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата и ќе биде изготвен Првичен Извештај, кој ќе биде проследен до Влада на Република Северна Македонија, инфорираат од Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди на Општина Берово.

Оттаму ги упатија жителите на Двориште и Ратево да ја посетат општинската веб-страница за повеќе детали околу потребната документација и условите за пријавување на штетите.вс/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан