• недела, 22 декември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

28 октомври 2024 

Скопје - Одбележување на месецот за подигнување на свеста за рак на дојка, настан во организација на собраниската Комисија за здравство. (Сала „Борис Трајковски“ / 12:15)

Скопје - Во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“, последна јавна дискусија за предлог- законите, организирана од Министерството за јавна администрација со матичната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, под покровителство на Националниот демократски институт. (Сала „Борис Трајковски“ / 10:00, изјава на министерот во 11:00)

Гостивар - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ќе извршат надзор во работата на автопатската делница Гостивар - Букојчани. (во правец од Гостивар кон Кичево веднаш после мостот над реката Вардар во Гостивар во близина на селото Вруток/11:00, предвидено е изјава за медиуми на премиерот Мицкоски)

Скопје - Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, каде учество ќе земат министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за спорт Борко Ристовски, в.д. директорот на Националната опера и балет Оливер Арсовски, членот на Националниот совет за културно наследство Драги Митревски и продеканот на Факултетот за физичка култура Андријана Зафировска. (Свечена сала на Влада / 10:00)

Скопје - Отворање на традиционалниот Саем за студии во Франција на кој ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска, францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, директорот на НУБ „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Јовица Никчевски и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности - „Еразмус+“, Марко Ѓоргиевски. (НУБ „Свети Климент Охридски“ - Скопје /11:00 - 16:00, официјално отворање со обраќања во 12:00)

Скопје - Завршен настан на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, кој е финансиран од Европската Унија, со обраќања на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија Штефан Худолин  и директорот на проектот Џузепе Москети (х. „Холидеј Ин“/10:00). 

Скопје - Мрежата за медиумска писменост го отвора шестото издание на Деновите на медиумска писменост (2024). (Музеј на македонската борба за самостојност / 9:00)

Скопје - Семинар за заштита на авторски права во рамки на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028 и во рамки на проектот „CreArt“. (Галерија „Ко-Ра“ - голем салон / 9:30)

Скопје - Кинотека ќе го одбележи 27 октомври - Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со презентација на проектот за дигитална реставрација на филмот „Писмо“ на филмскиот и театарски режисер Васил Христов - Вуси. (Кинотека / 12:00)

Скопје - Промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ од Будимпешта. (Сала за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” / 12:00)

Скопје - Концерт на млади таленти во рамки на 15. издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло". (Музеј на македонската борба / 19:00)

Скопје - „Љубовна приказна“ – концерт на „Велкро пијано трио“ . (Салон 19:19 / 20:00)

Скопје - Ретроспективна изложба на Ибрахим Беди. („Чифте амам“ / 20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан