• среда, 01 мај 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

16 април 2024

Скопје – Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Украина со четири пратеници на Врховната Рада на Украина. (Сала на Уставна комисија/ 12:00)

Скопје – На покана на продукцијата Систер и брадер Митевски, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, и директорот на Агенцијата за филм, Владимир Ангелов, ќе присуствуваат на првата клапа од снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. (СУГС„ Браќа Миладиновци“, ул. „Бранко Заревски“ бр. 110, населба Драчево/11:00)

Штип – Потпишување Меморандум за соработка на синдикатите од шесте јавни универзитети во нашата држава, по што ќе следи промоција на книгата „100 години синдикално движење во Штип – 1923 – 2023 година“ од проф. д-р Андон Мајхошев од Правниот факултет во Штип и проф. д-р Оливер Цацков од ФОН при УГД – Штип. (потпишувањето на Меморандумот на Правниот факултет при УГД - Штип/11:00, промоцијата во Свечената сала на Правниот факултет/12:30)

Скопје – Прес-конференција на Синдикатот на Македонска пошта. (пред Владата на РСМ/10:00)

Скопје – Прес-конференција по повод донацијата од „Алкалоид“ АД Скопје на иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма – готов за употреба на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. (Амфитеатар во Деканатот на Медицинскиот факултет при УКИМ Скопје/12:30)

Скопје – Прес-конференција на која ќе се промовираат наодите од работата на Ало Бушавко – телефонот за деца и млади при ПДАС Меѓаши за 2023 година. (Центар за социјални претпријатија, ул. „Македонија“ бб/ 10:30)

Скопје – Изведба на современиот балет „Сага“ (идентитети), во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје – Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоција на „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова. (книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/19:00)

Скопје – Промоција на новиот албум на Суперхикс – „СИЛА И НЕРВОЗА“. (Дом на Култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода/ 12:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 

Чашка/ Свети Николе/ Велес – Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на средби со жителите на Чашка (17:30), Свети Николе (18:30), а централен митинг ќе одржи во Велес (20:00)

Дојран/ Валандово/ Гевгелија – Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска - Давкова, ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Дојран (17:00), Валандово (18:30) и во Гевгелија (20:30)

Куманово/Чешиново-Облешево/Охрид/Гостивар - По повод претседателската кампања „Македонија повторно горда“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат дадени изјави за медиуми од: Владо Мисајловски (13:00 на Плоштад во општина Куманово), Драган Ковачки (08:45 часот во Паркот во село Облешево), Ѓорѓија Сајкоски (11:30 на Градски плоштадот во Охрид) и од Дафина Стојаноска (12:00 пред Градаки пазар во Гостивар).

Скопје – Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе оствари средби со граѓани. (изјавата на денот ќе ја даде на Зелено пазарче на автобуската станица, Live stream на фб страната на Maksim Dimitrievski/ 13:00)

Виница/ Кочани – Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска, на средби со граѓани во Виница (кај поранешна „Винка“ во 14:00) и во Кочани (Градски парк/ 16:00)

Тетово/Струга/Дебар – Кандидатот за претседател на Коалицијата Вреди, Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција (Штаб на Вреди /11:00), ќе ја посети Струга (изјава пред Изборниот штаб на Вреди во Струга /14:00) и  ќе одржи митинг во Дебар (20:30).

Скопје – Форумот на жени на Коалицијата Вреди ќе ја одржи Регионалната конференција на тема „Жените во одлучувањето како квалитет на демократијата“ на која ќе присуствува и Албулена Хаџиу, претседателка на Форумот на жените на движењето Самоопределување и министерка за правда на Република Косово. (х. „Александар Палас“/ 18:00)

 __________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан