5 јуни 2025
Скопје - Трибина „Кочани е нашиот приоритет“ на која ќе учествуваат директорот на СОЗР Ивица Томовски, директорот на ФЗО, Сашо Клековски и Саит Саити, генерален директор на Црвен крст. (Медија центар во Влада/11:00)
Париз - Работна посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на Француската Република.
Брисел - Министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел.
Скопје - Прва работа средба на Министерството за образование и наука и повеќе други институции, партнерски домашни и меѓународни организации за изработка на нова Стратегија за образование со важност од 2026 до 2032 година на која воведно обраќање ќе има министерката за образование и наука, Весна Јаневска. (х. Холидеј Ин/9:30)
Скопје - По повод Светскиот ден на животната средина, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се одржи прва годишна конференција насловена „Заедно за одржлива животна средина“. (Простории на Клубот на пратеници/10:00)
Прилеп - Прв информативен ден за мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година во организација на Министерството за економија и труд. (Сала на Советот на Советот на Општина Прилеп, 10:00)
Ресен - Прес-конференција на амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски за реализација на програмата ЕУ за Преспа (Претор / 9:00)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу. (Пред зградата на Владата на Република Северна Македонија/11:00)
Скопје - Презентација на наодите од националниот извештај за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од истражувањето во 2021/22 година во Република Северна Македонија „Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија” (Europe House/10:00)
Скопје - Во Центарот за социјални претпријатија ќе се одржи Форум за зајакнување на ранливите заедници преку обука и партнерство на проектот ЦРН ЛЕБЕД. (Простории на Центарот на ул. „Македонија“, зад Спомен куќата на Мајка Тереза/10:30)
Скопје - Завршен настан „ДИСИМИНАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „CoReA” на тема преземање на e-Booklet - интеграција на мигранти и повратници во Европската унија. („Граѓански Ресурсен Центар“ на ул. „Климент Охридски“ 21/ 11:00 - 15:00)
Скопје - Противпожарниот сојуз на Град Скопје организира Кампања за заштита од пожари на шумите и други површини. (Плоштад Македонија/11:30-12:30)
Скопје - Почнува 24-то издание на ОФФест. (Национална опера и балет/20:00)
Скопје - „Брз е векот“ – чествување четири јубилеи на македонски писатели. (Друштво на писателите на Македонија/12:00)
Скопје - Традиционален концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со учениците и студентите од државните музички училишта и факултети „Младите доаѓаат и звукот на идната генерација“. (20:00)
Гевгелија - ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија одбележува на 80 години од законското официјализирање на македонскиот правопис. (х. „Аполонија“/19:00).
Скопје - Промоција на поетската збирка „Маслина и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (Културно информативниот центар – Скопје-Салон Империјал 1/19:19)
Прилеп - Отворање изложбата на фотографии „75 за 75“ на авторот м-р Каролина Мицевска. (Фоаје на ЦК „Марко Цепенков“/ 19:30)
____________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***