МИА Најави-свет
- Обединети Нации – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе ги презентира своите приоритети за 2024 година пред Генералното собрание на ОН.

7 Февруари 2024
Обединети Нации – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе ги презентира своите приоритети за 2024 година пред Генералното собрание на ОН.
Москва – Горниот дом на рускиот парламент го разгледува законот за конфискација на имотот на критичарите на војската.
Москва – Неделна прес-конференција на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.
Баку – Претседателски избори во Азербејџан.
Париз – Оддавање почит на жртвите од терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври од страна на Хамас.
Франкфурт – Повик за дводневен штрајк на персоналот на земја на германската авиокомпанија Луфтханза.
Луксембург – Годишен форум на Европската инвестициска банка кој ќе трае до 8 февруари.
Атина – Грчките земјоделци најавија блокада на автопатиштата, а следната недела и заминување кон Атина со трактори, со барања за намалување на трошоците за производство и ослободување од даноците за гориво.