• недела, 05 мај 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

23 Февруари 2024

Њујорк – Состанок на Советот за безбедност на ОН по повод втората годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина, која почна на 24 февруари 2022 година.

Стразбур – Вонреден состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа по повод втората годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Вашингтон – САД најавија нови санкции против Русија по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во руски затвор.

Берлин – Собир против војната во Украина со палење 600 свеќи пред германскиот парламент.

Варшава – Средба на премиерот на Полска, Доналд Туск, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот на Белгија, Александар де Кроа.

Будимпешта – Шведскиот премиер Улф Кристерсон во посета на Унгарија пред гласањето во парламентот за прием на Шведска во НАТО на 26 февруари.

Берлин – Германскиот парламент треба да гласа за декриминализација на канабисот.

Виена – Се очекува пресуда на судењето на поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц за лажно сведочење.

Остани поврзан