МИА Најави-свет
- Светски ден на борба против сиромаштијата
17 Октомври 2023
Светски ден на борба против сиромаштијата
Пекинг – Кина е домаќин на третиот форум „Појас и пат“, кој ќе го отвори кинескиот претседател Си Џинпинг. Најавено е учество на лидерите на многу земји.
Москва – Руската Дума ќе го разгледува предлог-законот за повлекување на Русија од Договорот за забрана на нуклеарни проби.
Стразбур – Говор на премиерот на Ерменија Никол Пашињан во Европскиот парламент.
Лисабон – Дводневен штрајк на португалските лекари од јавното здравство кои бараат подобри услови за работа.
Франкфурт – Меѓународниот саем на книгата, кој ќе трае до 22 октомври, ќе го отворат германскиот канцелар Олаф Шолц и словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.