• петок, 22 ноември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
2 февруари 2021  Скопје - Продолженија на 28-та и 29-та седница на Собранието на Република Северна Македонија. (Голема сала/12:00 и 12:30) Скопје - Работна средба за конституирање на ИППГ за правата на лицата со хендикеп на која ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. (сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Средба на претседателот на пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, Ненад Коциќ со амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан. (Струшка сала/13:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (сала на Уставна комисија/10:30) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (сала на Уставна комисија/12:30) Скопје - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши ќе ја  посетат компанијата „Раде Кончар ТЕП“ во Општина Аеродром. (бул. „Трета Македонска бригада“ бр.52/10:00) Скопје - Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев ќе одржи брифинг со претставниците на медиумите кои ја следат работата на судот. (12:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан