• четврток, 26 декември 2024
МИА Најави – МКД (ДПЛ)
14 септември 2022 Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 84-та седница. (сала „Македонија“/ 11:00) Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе се сретне со Работната група на Советот на ЕУ надлежна за проширувањето и земјите кои се во преговарачки процес за членство во ЕУ (COELA). (сала „Борис Трајковски“/ 14:00-14:15) Скопје – Заедничка средба на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања со Работната група на Советот на ЕУ надлежна за проширувањето и земјите кои се во преговарачки процес за членство во ЕУ (COELA). (сала „Борис Трајковски“/14:15) Струмица - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе оствари работна посета на општина Струмица и ќе изврши увид во реконструкција на регионален пат Р 1404 (Робово -Муртино). (изјави за медиумите/ 11:00) Скопје - Прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа. (https://www.youtube.com/watch?v=Jkrnzyg1l6Q/  12:30) Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30) Скопје – Одбележување на 18 години од постоењето на Сојузот на стопански комори на Македонија како независна деловна мрежа која работи за унапредување на деловното окружување. (Ragusa 360 Rooftop/ 19:00) Скопје – Онлајн информативна сесија за повикот за грантови за иновативни иницијативи. (на платформата ZOOM, https://us06web.zoom.us/j/87974938366?pwd=WXBYZnEva3FqdGJWSlVVUTY3bFVRQT09 / 12:00) Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (пред МРТВ од страната на факултетите/ 12:00)  Скопје – Мирен протест организиран од Националниот сојуз на слепите лица на Република Северна Македонија. (Протестот ќе започне пред Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ до Владата на РСМ/ 12:00) Скопје – Со претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ на театарот „Улисис“ на Раде Шербеџија ќе биде отворен Фестивалот РУТА. (Драмски театар Скопје) Скопје – Промоција на романот „Доаѓањето на матадорот“ од белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ. (кафе-книжарница „Буква“/ 19:00) Битола – Прес-конференција на НУ Завод и Музеј-Битола за меѓународна изложба „Првите кралеви на Европа“. (Завод и Музеј, мала сала/ 11:30) Битола – Промоција на прирачник „Да дадеме живот на македонскиот компас“. (х. „Капри“/ 12:00) Битола – Изложба на современа графика „Огледало – лице в лице“. (Офицерски дом/ 20:00) Скопје – Прес-конференција  по повод одржувањето на вториот меморијален меѓународен турнир во кошарка за младински категории „Драган Василов Цевка“. (Прес-центарот на СЦ „Јане Сандански“/ 11:00)  ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан