МИА Најави- свет
- Виена - Прес-конференција на генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси по неговата посета на Чернобил.

28 април 2022
Киев - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и бугарскиот премиер Кирил Петков и коалициските партнери престојуваат во одделни посети на Украина.
Брисел - Прес-конференција на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.
Виена - Прес-конференција на генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси по неговата посета на Чернобил.
Токио - Германскиот канцелар Олаф Шолц престојува во дводневна посета на Јапонија.
Ријад - Дводневна посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Саудиска Арабија.
Аушвиц - Годишен „Марш на живите“ во чест на жртвите на Холокаустот на местото на поранешниот нацистички логор Аушвиц-Биркенау.
Тирана - Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид во посета на Албанија и Северна Македонија.