МИА Најави - свет
- Сингапур - Српската премиерка Ана Брнабиќ во дводневна посета на Сингапур, при што ќе учествува на Блумберг форумот за нова економија, а ќе се сретне и со сингапурската претседателка Халиме Ј

15 ноември 2022
Сингапур - Српската премиерка Ана Брнабиќ во дводневна посета на Сингапур, при што ќе учествува на Блумберг форумот за нова економија, а ќе се сретне и со сингапурската претседателка Халиме Јакоб.
Брисел - Состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ.
Нуса Дуа - Почнува дводневниот Самит на Г20.
Картум - Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Тирк во дводневна посета на Судан.
Ерусалим - Пратениците од новиот состав на израелскиот Парламент ќе положат заклетва.
Пекинг - Одбележување на десетгодишнината од доаѓањето на Си Џинпинг на чело на Комунистичката партија на Кина.