• недела, 01 септември 2024
МИА Најави МКД
12 октомври 2021  Скопје – Министерката за образование и наука, Мила Царовска ќе се обратни  на завршниот настан „Регионалниот проект Училиштата  се среќаваат со компаниите“. (х. „Александар Палас“/ 10:00-13:00) Делчево – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ќе оствари работна посета на општина Делчево каде ќе изврши увид во реконструкција на ул. „Орце Николов“. (изјави за медиумите/ 14:00) Скопје – Доделување пофалници и пригодни награди на најдобро дипломираните студенти за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година, а на а редовните студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за драмски уметности за учебната 2019/2020 година ќе им биде врачена наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија. (пред платото на Ректоратот на УКИМ/ 11:00) Скопје – Свечено отворање на BookStar 2021, по што ќе биде претставена писателката Катарина Винклер од Австрија и промовиран нејзиниот роман „Модар накит“. (МКЦ, кино „Фросина“/ 20:00) Скопје – Промоција на книгата „Viola arsenica; белешки за поезијата“ од Влада Урошевиќ што ќе се одржи во рамки на фестивалот „Букстар“. (МКЦ, кино „Фросина“/ 21:00) Битола – Свечено затворање на „Интерфест“ - концерт на Антал Залаи, виолина од Унгарија, во придружба на Битолски камерен оркестар. (КИЦ-Битола/ 20:00) Скопје – Изложба на фотографии на познатиот хрватски фотограф Станко Абаџиќ. (во „Рудиќ Галерија“, бул. „АСНОМ“ бр. 74/ 19:00) Скопје – Прес-конференција на Ракометниот клуб Вардар 1961. (СЦ. „Јане Сандански“/ 12:00) Локални избори 2021: Кратово/Крива Паланка – Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ меѓу граѓаните во Кратово и Ранковце, а на централниот настан ќе се обратат лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Сашко Митовски. (Крива Паланка, плоштад/ 20:00) Скопје – Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и кандидатот за градоначалник Александар Филиповски. (Аеродром/ 18:00) Скопје – Изјава на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата. (во Промотивниот штаб на СДСМ во Аеродром, во Ново Лисиче, до Т.Ц. „Лиса“, над „Жито маркет“/ 13:00) Скопје – Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Скопје. (Плоштад „Филхармонија“/ 20:30) Скопје – Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје Петар Георгиевски Камиказа ќе одржи митинг. (Плоштад/ 18:00) Скопје – Прес-конференција на Твоја партија. (ул. „Македонија“, пред седиштето на партијата/ 11:00) Скопје – Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. (Ѓорче Петров) Желино – Изборни активности на Движењето Беса. (19:30) Скопје – Онлајн трибина на тема: „Инклузија на младите во локалните политики“ организирана од Движењето Одлучно за промени. (на платформата ZOOM, https://us02web.zoom.us/j/84522825787?pwd=Z2Q3WUMrSjdaWnJ2NHN6L1dTOUdYZz09  /13:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан