• петок, 26 април 2024
МИА Најави МКД
28 април 2022  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 70-та седница. (Голема сала/11:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:30)
Скопје - Помошникот државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид во посета на Северна Македонија.
-пристигнување на Карен Донфрид во МНР (10:30)
-средба со МНР Бујар Османи (Билатерална сала на 1-ви кат/10:45-11:45)
-конференција за медиуми  (хол во МНР/11:45-12:00)
-средба со претседателот Стево Пендаровски ( (12:15, сниматели и фоторепортери во Кабинетот на претседателот/11:45)
Скопје - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заменик министерот за здравство Владимир Рендевски, потпретседателката на Советот за БЗР, Даниела Китанова, Емил Крстановски, национален координатор-МОТ, претседателот на ССМ, Дарко Димовски и претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска ќе се обратат на конференцијата по повод 28 aприл – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. (9:00)
Скопје - Министерството за животна средина и просторно планирање организира посета на поранешната фабрика „ОХИС“ со цел да се проследи процесот на отстранување на линданот и неговите изомери од малата депонија. („ОХИС“ 11:00/ изјави од министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во МЖСПП/13:30)
Скопје - 8. Истражувачка меѓународна конференција на тема „Јакнење во време на криза: улогата на политиките“ во организација на Народната банка во соработка со Европската инвестициска банка.
- прес-конференција на гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска и потпретседателката на Европската инвестициска банка, Љиљана Павлова. (х.„Мериот'/11:45)
Скопје - Втора форумска сесија од програмата „ Регионални форуми во заедницата“- II фаза во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ во организација на Центарот за развој на Скопскиот плански регион. (Стопанска комора на Македонија/10:30) 
Скопје -  Трета панел дискусија од серијалот „Зад димната завеса“ на тема „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“ во организација на ЦИВИЛ. (Фејсбук и Јутуб/13:00)
Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција (Палата др. „Христо Татарчев“ (Плоштад ВМРО бр. 1)/12:00) 
Штип - Ораторска вечер „Сега ние зборуваме“ во организација на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ и Клубот на оратори „Ростра ветера“. (Правен факултет на УГД/19:30)
Скопје - Гала донаторска аукција насловена „Да ги вратиме детските насмевки во мода“ по повод 30- годишнината од формирањето на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. (ресторан RAGUSA 360, Rooftop, катна гаража 26 јули, ул.„Св. Кирил и Методиј“/19:30)
Скопје - Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе го одбележат Јом Ашоа - Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија/12:00)
Битола - Отворање на Младинскиот Центар – МладиХаб, во рамки на УЗ. Вељко Влаховиќ. (13:00)
Скопје - Медиа брифинг за претстојното 34. издание на Саем на книга 2022. (Лаунч бар „АВС“/11:30)
Скопје - Промоција на книгата „Емотивен талог“ на Ана Јовковска. ( Клуб-ресторанот на МКЦ//19:00)
Кочани - Отворање на изложбата под наслов „Рак не е само хороскопски знак“ на Сокол Марковски. (НУЦК „Бели Мугри“, Салон фоаје 2/19:00) 
Скопје - Камерен концерт насловен „Теремин -вокс фантазија“. (Филхармонија, камерна сала/20:00)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан