• сабота, 20 април 2024
МИА Најави - МКД

20 август 2022  

Скопје - Свечена промоција на новите полициски службеници на која ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. (Центар за обука на МВР во Идризово и на официјална фан страница на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски/10:30) 

Охрид – Завршна прес-конференција на фестивалот „Охридско лето“ на која ќе биде најавена и театарската претстава „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов во режија на Егон Савин и во изведба на Југословенски драмски театар Белград со која ќе заврши 62. „Охридско лето“.  (Harbour/ 11:00) 

Охрид – Промоција на изданието „Предизвици во хирургијата на урогениталниот систем, трансплантацијата и медицината“ - Зборник на научни трудови посветен на академик Живко М. Попов по повод 70 години од неговото раѓање. (Куќа „Уранија“/ 20:00) 

Скопје – Отворање на изложба „Урбани Рефлексии“ на која што ќе биде претставена визијата за родниот град на фотографот Ристо Костовски (Скопје, 1954). (КСП Центар – Јадро/ 20:00) 

Крушево – Отворање на 7. Фестивал на отворено „Крушево низ корија“.  

Скопје – Федерацијата за коњички спортови на Република Северна Македонија - Коњичкиот клуб - ВИВАКС - од Скопје го организира првиот ,„Августовски коњички турнир“ и  3. коло од отвореното - Лига првенство на РСМ во прескокнување пречки за 2022 г. (терен на Хиподром во Маџари/ 9:00) 

 Локални избори 2022 

Скопје/Тетово – Прес-конференции на Државната изборна комисија по повод одржувањето на изборите за градоначалници на Маврово-Ростуше и Центар Жупа и за советници во Советот на Општина Тетово: 

- прес-конференција на портпарол на ДИК (седиште на ДИК, Скопје/09: 30)

- прес-конференција на претседателот и членовите на ДИК (седиште на Општинска изборна  комисија во Тетово, зграда на Општина Тетово/11:30) - прес-конференција на претседателот и членовите на ДИК (седиште на ДИК, Скопје/20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан