• вторник, 23 јули 2024
МИА Најави МКД
12 мај 2022  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи продолжение на 71.седница. (12.00) Битола - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе одржи средба со земјоделци. (ресторан „Дион“, старо Аражок, изјави за медиуми пред р.„Дион“/14:30) Скопје - Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и Младинскиот образовен Форум во соработка со Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) ќе одржат регионална конференција за состојбата со укажувачите. (х.„Бест Вестерн“/10:00) Скопје - Настан „Младите ја преземаат Владата“ организиран од Делегацијата на ЕУ и Europe House и поддржана од Советот за регионална соработка (RCC) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). (Свечена сала - Влада/13:30)  Скопје - Отворање на почесниот Конзулат на Грузија во Република Северна Македонија со седиште во Скопје.  (Пред седиште на Конзулатот, ул. „Истарска“ бр.33-4, Општина Центар, непосредно позади Олимпискиот базен/14:00) Скопје - Комора на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски во соработка со Европскиот совет на геодети ќе одржи семинар на тема „Нови технологии и добри практики во геодезијата“. (х.„Хилтон“/14:00, изјави за медиуми/13:30) Велес - Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер организира еднодневна едукативна работилница/средба во рамките на ИПА2 проектот „Транспаретност и отчетност на јавната администрација“, финансиран од ЕУ. (Совет на Општина Велес, електронска сала/13:00) Штип - Јавна дискусија како дел од проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Република Северна Македонија“ - финансиски поддржан од Националниот Фонд за Демократија (National Endowment for Democracy) од Соединетите Американски Држави. (Општина Штип/11:00)

Скопје - Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги ќе одржи прес-конференција. (Пред Управата за водење на матични книги/10:00)

Скопје - Прва македонска конференција за „фриленсери“ како дел од RECONOMY програмата - регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Impact Foundation и други организации во Источното партнерство и Западен Балкан. (х.„Мериот“/9:00) Скопје - Светскиот ден на медицинската сестра, Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ организира прослава под името „ОВА Е НАШЕ ВРЕМЕ“. (Градски парк, Школка/13:00)
Скопје - Прес-конференција по повод претстојниот концерт на легендарните DEEP PURPLE во Скопје, како  најава за новата концертна сезона на Авалон Продукција за 2022 година. (х.„Мериот“/12:00)
Скопје - Промоција на десет книги за античката филозофија од академик Витомир Митевски. (Мултимедијален центар „Матица ексклузив“/12:00) Скопје -  Денови на културата во општина Илинден - поетски митинг на кој ќе настапат повеќемина реномирани македонски поети. (Дом на култура „Илинден“19.00) Скопје - Промоција на книгата „Куќа од хартија“ од Гордана Каракашевска. (КИЦ, Салон 19:19/19:30) Скопје - Отворање на изложбата „ХАРТИИ“ на македонскиот ликовен уменик Сергеј Андреевски. (Музеј на македонската борба, фојае/20:00) Скопје - Изведба на претставата „Странци“. (НУ Драмски театар/20:00) Скопје - Отворена/јавна комеморација во чест на големиот Ристо Стефановски во Македонскиот народен театар. (голема сцена/13:30) Тетово - Светски ученички куп во организација на ПСУ „Јахја Кемал“. (ПСУ „Јахја Кемал“/8:00) ___________________________________________________________________________***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан