• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави МКД

8 мај 2022 

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе присуствува на Отворениот ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“. (Спортски аеродром „Стенковец“/11:00, пристигнување на медиумите/10:50, предвидени се изјави за медиуми)

Скопје - На Денот на сеќавање и помирување Амбасадата на Украина ќе одржи свечен настан во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година. (Музеј на македонската борба/16:00)

Скопје - Црвениот крст на Република Северна Македонија организира настан од промотивно - забавен карактер за одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвена полумесечина под мотото Биди човечен/ Bëhu njerëzor. (Градски парк, Школка/12:00)

Скопје - Медиа брифинг по повод претставување на летната понуда на Црна Гора пред македонската јавност на кој ќе присуствуваат претставници на Туристичката организација на Општина Будва, но и на повеќе други црногорски градови. (х.„Тимс“, Орце Николов 120/12:00)

Кичево - Велигденски концерт на кој ќе настапат Mini Musicians, Училишен хор „Д-р В. Полежиноски“, КУД „Бисер“, Чалгии Мерак, Ламбе Алабаковски, Хор „Митрополит Козма Пречистански“ (Дом на култура/18:00) Скопје - Улична трка HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10км во организација на Сојузот на спортови на Скопје. (пред фонтана Лотос“/9:00) Скопје - Се одржува 54-от. МТКФ Државен шампионат на Македонија во традиционално карате во кихон, кихон ипон кумите, џиу ипон кумите, кого-кумите и кумите за сениори, јуниори, кадети и деца. (сала на Будо карате центарот Недеви во Кисела Вода/11:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан