• петок, 03 мај 2024
МИА Најави МКД
9 ноември 2022  Струмица - Премиерот Димитар Ковачевски во посета на Општина Струмица, каде ќе присуствува на неколку настани: - Отворање на новата градинка „Виножито“ (Локација: градинка „Виножито“/12:30, по настанот е предвидено одговарање на новинарски прашања); - Почеток на градба на булеварски мост на реката Водочица. (Локација: булеварски мост на река Водочица/14:00); - Посети на локацијата каде што започнува изградба на социјална населба. (Локација: Социјална населба/14:30); - Посети на производствениот погон на фабриката МАКС. (Локација: фабрика МАКС/15:15) Вилнус - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во официјална посета на Литванија. Скопје - Министерот за правда Никола Тупанчески и францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер ќе се обратат на семинарот „Превенција и спроведување на закони против корупција - перспективи од Франција и Југоисточна Европа“. (х.„Холидеј ин“/9:00) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе се обрати на Конференцијата за паметно земјоделство, иднина на земјоделството и руралниот развој, во организација на Земјоделскиот Институт - Скопје. (ИНФОФЕИТ-Скопје, Факултет за електротехника и информациски технологии, ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 18/9:00) Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 35-та седница. (Уставен суд/9:30) Скопје - Отчет за работата во изминатата една година на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.портска сала во рамки на училиштето Наум Наумовски Борче во Маџари/19:00) Битола - Прес-конференција на проф. д-р Невена Груевска, претседателка на Македонско научно друштво- Битола. (МНД/11:00) Свети Николе - Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, директорот на Музејот на град Штип,  Митко Штерјов, деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев и професори по археологија ќе присуствуваат на настан за старт на продолжување на ископувањата на локалитетот Билазора кај Свети Николе. (локалитет Билазора/12:00) Скопје - Отворање на изложба на студенти на ФЛУ по повод третиот роденден на Европската куќа. (Спомен куќа на Лазар Личеноски/12:00) Прилеп - Отворање на изложбата „Боите на мојот град“ на Филип Јовески. (ЦК „Марко Цепенков“, фоаје/19:00) Скопје - Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (Простории на Видеолотарија Касинос Австрија, булевар Киро Глигоров број 2, во премиум зградата Мерцедес, кат 2/12:00) Скопје - Промоција на романот „Капут од мов“ од Стефан Тиќми. („Литература.мк“, ул. „Македонија“/19:00) Скопје - Концерт на италијанскиот кантавтор Виничо Капосела, кој во придружба на Виктор Хереро, Андреа Ламаќиа и Винченцо Вази, ќе изведе репертоар на италијански фолклорни песни. (Музеј на македонската борба/20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан