• вторник, 02 јули 2024

МИА најави - МКД (ДПЛ)

МИА најави - МКД (ДПЛ)
17 октомври 2022 Скопје - Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 4/10:15) Скопје - Две последователни седници на Законодавно-правната комисија. (Сала „Борис Трајковски“/10:30 и во Сала 6/10:40) Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ќе се обратат на отворање на втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“ во ТИРЗ Скопје 1.(Локација: Кемет, ТИРЗ Скопје 1/10:00, изјави за медиумите не се предвидени) Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настанот по повод Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. (Амфитеатар на Институтот за македонски јазик/12:00, не се предвидени новинарски прашања) Брисел -  Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија Бојан Маричиќ во работна посета на Брисел по повод почетокот на објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“. Љубљана - Министерката Славјанка Петровска во дводневна официјална посета на Република Словенија. Свети Николе  - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети 77-иот реконструиран објект на Полициската станица од општа надлежност Свети Николе, по што се предвидени изјави за медиуми. (10.00) Куманово - Одбележување на денот на Командата за операции. (касарна „Боро Менков“ - Куманово/11:00/ пристигнувањето во касарната треба да биде најдоцна до 10:30) Скопје - Онлајн конференција „Предизвиците на жените во руралните средини и нивните заложби“. (https://www.facebook.com/centarzaupravuvanjesopromeni / 12:00) Скопје - Македонската платформа против сиромаштијата ја организира годишната конференција за лица со искуство во сиромаштија „Сиромавиот два пати плаќа“. (х. „Александар Палас“/ 12:00 - 14:00, изјави за медиуми од 11:30 до 12:00) Скопје - Агенцијата за млади и спорт ќе го означи почетокот на изработката на нова Национална стратегија за млади 2023-2027. (Хотел „Александар Палас“/10:00) Скопје - Претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами ќе одржи прес-конференција. (Седиште на партијата/13:00) Скопје - Изјави за медиумите на Миќо Стојановски од Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија (СРСВМ) и Африм Муча од Независен возачки синдикат. (Излезна автобуска станица на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда/10:00) Скопје - Одбележување на почетокот од новата 2022/2023 академска година на Меѓународен балкански универзитет. (Меѓународен балкански универзитет/10:00) Скопје - Конференција за медиуми за претставата „Коњите убиваат, зар не?“ во изведба на Драмско позориште Подгорица, во рамки на фестивалот РУТА Група Триглав кој се одржува од 14 до 19 октомври. (Драмски театар Скопје/12 часот) Автор на црногорската претстава е Маја Пелевиќ, режисер е Кокан Младено Скопје - Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2021 година. (кафе бар „Филхармонија“/20:00) Скопје - Концерт на пијанистката Кристина Светиева. (Музеј на македонската борба/19:00) Скопје - Изведба на театарската претстава „Ожени ме“ од Театарот „Провокација“ во режија на Роберт Ристов. (Културно информативен центар – Скопје, САЛОН 19:19/20:00) Скопје - Вебинар на проф. Паоло Балбони „Концептот за јазик на младите во денешницата: лексички фонд, граматика, стратегии“, во организација на Амбасадата на Италија, во соработка со Катедрата за италијански јазик и книжевност – УКИМ.(платформа Cisco Webex/18:00) Куманово - Промоција на второто издание од последната книга Емотивен талог“ на Ана Јовковска. (во Домот на културата „Трајко Прокопиев“-Куманово/19:00) Скопје - Промоција на книгата „Пештера” од Максим Ристески. (Салон „Империјал 2“/19:19) Скопје - Презентација на модни дизајни на студентите од Технолошко-металуршки факултет - Институт за дизајн и инженеринг на облека. (Главен хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје/19:00)   ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан