• петок, 26 април 2024

МЗТ Скопје прв финалист во кошаркарското првенство

МЗТ Скопје прв финалист во кошаркарското првенство

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) – Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе има можност да го брани трофејот во македонското кошарларско првенство, откако вечерва по втор пат го совлада Работнички во полуфиналето на плејофот.

 

Аеродромци до своето 17-то финале додјде по 73:62 вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје и по вкупни 2:0 во полуфиналето.

 

Најефикасни во победничката екипа беа Војдан Стојановски и Кук со по 18 поени. На другата страна Малешевиќ реализира 14, Џелетовиќ 13.

 

Во финалето МЗТ Скопје ќе игра со подобриот од пресметката Пелистер - ТФТ. зс/

 

Фото: КФСМ

Остани поврзан