• сабота, 20 април 2024

МЗТ Скопје на една победа до десетта шампионска титула

МЗТ Скопје на една победа до десетта шампионска титула

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) – Една победа го дели МЗТ Скопје Аеродром до јубилејната 10. шампионска титула во македонското кошаркарско првенство.

 

Тимот од Аеродром вечерва на домашен терен по втор пат го победи Пелистер во финалето на плејофот. Овој пат резултатот беше 75:67.

 

Војдан Стојановски со 23 поени ги предводеше „сино-белите“ до триумфот. Кај битолчани се истакна Андреј Маслинко со 16 поени.

 

Финалната серија се сели во Битола. Доколку во третиот натпревар победи МЗТ Скопје ќе ја одбрани шампионската титула, а битолчани само со успех ќе се надеваат на продолжување на шансите за освојување на тронот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан