• среда, 24 април 2024

МЗТ Скопје Аеродром поразен од Игокеа

МЗТ Скопје Аеродром поразен од Игокеа
Скопје, 18 март 2023 (МИА) - Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром драстично ги намалија шансите за опстанок во АБА лигата, откако вечерва во рамки на 22 коло загубија на домашен терен од Игокеа со 78-84.
 
Македонскиот кошаркарски првак беше пред императив од победа, но не го издржа притисокот во дуелот со еден од директните конкуренти за опстанок и го претрпе 18 пораз сезонава во регионалната лига. 
 
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Страхиња Мичовиќ со 18 поени. 
 
На четири кола до крајот на сезоната македонскиот претставник е последно пласиран на табелата со скор од 4-18 и само теоретски шанси да избегне враќање во АБА 2 лигата, 
Во следното коло МЗТ Скопје му гостува на Борац од Чачак. ег/ев/

Остани поврзан