• недела, 22 декември 2024

Меџити им посака успешен почеток на првачињата во ОУ „Лирија“ Скопје

Меџити им посака успешен почеток на првачињата во ОУ „Лирија“ Скопје

Скопје, 2 септември 2024 

Првиот вицепремиер и министер за Животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска придружуван од заменик министерот за образование и наука, Љулзим Алиу, членови на Владата, пратеници и љубители на образованието, учествуваше на свечената церемонија за почетокот на учебната година, во ОУ „Лирија“ во Скопје.

Пред наставниците, учениците и родителите, Меџити рече дека е горд што овој почеток на годината е во ОУ „Лирија“ кое наскоро ќе го одбележи својот голем јубилеј - 80-годишнината од формирањето.

-Денеска заедно со наставниците, учениците и родителите го претставуваме унифицираниот буквар за првачињата. Овој буквар ја означува кулминацијата на нашите напори да го заштитиме нашето идентитетско стебло во ерата на глобализација и интернет“, рече Меџити, додавајќи дека од етно-културен аспект може да се каже дека ја запечатува нашата припадност, додека во практична смисла, унифицираниот буквар претставува многу важен водич, ако не и суштински, за зачувување и негување на стандардниот и унифициран албански јазик во децениите пред нас.

Вицепремиерот Меџити информираше дека Владата ќе продолжи да помага преку проактивни политики, зајакнувањето на образованието и нашите училишта.

"Ќе го вратиме и штитиме интегритетот и достоинството на наставникот и ќе продолжиме да придонесуваме за враќање на стандардите во образованието, генерациите што доаѓаат да се образуваат во најнапредни услови и методи“, рече Меџити.

Тој додаде дека за да можеме и да бидеме подготвени да живееме и да дејствуваме како европски граѓани, треба да го подигнеме стандардот, а во меѓувреме ги предаде букварите за албански јазик, донација од ИДКНА, кои ќе ги користат првачињата Албанци во Северна Македонија.


Министерство за животна средина и просторно планирање, Канцеларија за комуникација со јавност

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан