• сабота, 27 јули 2024

Меѓународна истрага потврди дека Исламска држава употребила отровен гас во напад во Сирија во 2015 година

Меѓународна истрага потврди дека Исламска држава употребила отровен гас во напад во Сирија во 2015 година

Хаг, 22 февруари 2024 (МИА) – Во извештајот на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) објавен денеска се наведува дека нејзината истрага за нападот во Сирија во 2015 година открила „доволни докази за да се верува“ дека групата Исламска држава (ИД) користел иперит.

Во извештајот се наведува дека тим од меѓународни истражители открил дека иперит бил употребен при напад на 1 септември 2015 година, кога Исламската држава го нападна градот Мареа, кој се наоѓа на околу 25 километри северно од Алепо.

Истрагата утврдила дека „граната со хемиско полнење била испукана од позиција на Исламската држава и оти ниту една друга група немала средства, мотив и способност да употреби гас за време на борбите во Мареа“.

Во извештајот се тврди дека 11 лица доживеале „симптоми слични на оние добиени по изложување на отровен гас“.

Извршниот директор на OPCW, Фернандо Аријас, рече дека ова е „мрачен потсетник за меѓународната заедница дека недржавните актери како ИД развиле капацитет и подготвеност да користат хемиско оружје“.

Во претходните извештаи на истиот тим стоеше дека сириските владини сили во Дамаск се одговорни за употреба на хемиско оружје пет пати во три различни градови во Сирија во 2017 и 2018 година.

Тимот беше формиран во 2018 година за да го замени Заедничкиот истражен механизам на Обединетите нации, кој беше распуштен кога Русија стави вето на резолуцијата за продолжување на неговиот мандат во 2017 година. јт/

Остани поврзан