• вторник, 14 мај 2024

Меѓународната конференција „Стратешки менаџмент со ризици и кризи - подготвеност за идни кризи"

Меѓународната конференција „Стратешки менаџмент со ризици и кризи - подготвеност за идни кризи
Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) - Деканот на Филозофски факултет проф. д-р Ратко Дуев, денеска ќе ја отвори дводневната меѓународна хибридна научна конференција „Стратешки менаџмент на ризици и кризи – подготвеност за идни кризи“. Институтот за безбедност, одбрана и мир од Филозофскиот факултет за овој настан е во својство на партнер на конференцијата, што е организирана од страна на Центар за анализа на ризици и управување со кризи, Белград, Институтот за стандардизација на Србија,  Европскиот центар за мир и развој, ООН, Белград, Хрватска асоцијација за меѓународни студии и Факултет за криминалистика, криминологија и безбедносни студии во Сарево, Босна и Херцеговина. На конференцијата ќе се дискутира за научно втемелен стратешки менаџмент на ризици и кризи, за синергија на знаење од општествени, природни и техничкинауки. стратешко планирање во услови на неизвесност, предизвици за кризното раководство, на тема „Размислувајте глобално, дејствувајте локално“, како и на повеќе други прашања поврзани со управување со ризици и кризи. Учесниците на конференцијата ќе расправаат и за добри и лоши искуства - научени лекции, нееднаквости и ранливости предизвикани од современите кризи, социо-економски влијанија од современите кризи, за психолошки последици од современите кризи, за враќање на довербата во државните органи за време и покризи, како и за иновации генерирани од нови закани, за нови бизнис модели, но и за  управување со повеќекратни/ паралелни опасности. Оваа Конференција е резултат на повеќегодишна соработка помеѓу наведените институции во насока на зајакнување на размената на научните и академските достигнувања, добрите практики и искуства и истакнување на заедничките вредности и интереси. Конференцијата денеска и утре ќе се одржи согласно моделот online/onsite и претставува дел од високообразовната и академска соработка помеѓу сродни институции од регионот. цр/ац/  

Остани поврзан