• среда, 15 мај 2024

Меѓународен форум на креативни индустрии и улогата на женското претприемништво во креативната економија

Меѓународен форум на креативни индустрии и улогата на женското претприемништво во креативната економија
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) – Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ) денеска и утре во киното „Синеплекс“ го организира Меѓународниот форум за креативни индустрии и улогата на женското претприемништво во креативната економија. Станува збор за интерактивен настан кој на едно место ќе собере претставници од креативните индустрии, претприемачи, иноватори, стопански комори, министерства, институции и други креатори на политики, како и претставници од граѓанското општество и меѓународните организации да разговараат за бизнисот, можностите, развојот на меѓународни проекти, финансирањето итн. Форумот се организира со цел поттикнувавање дискусии за креативните индустрии, креативното и културното претприемништво, жените претприемачи во креативните и културните индустрии и иновациите за да се забрза напредокот во овие индустрии, а со самото тоа да се допринесе кон побрз економски раст и развој на државата воопшто. Настанот е поддржан од Министерството за култура.свс/са/

Остани поврзан