• сабота, 23 ноември 2024

Меѓународен форум на градоначалници „Модерна општина“

Меѓународен форум на градоначалници „Модерна општина“
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) – Експерти и градоначалници од земјава и од европски и светски метрополи, денеска учествуваат на Меѓународниот форум на градоначалници, насловен „Модерна општина” , што се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Аце Миленковски, ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопјерече дека форумот за градоначалници, пред сè, се однесува на една глобална тема. -Општините во македонските градовите ќе мора да си ги добијат правата и обврските, но тие бараат голема одговорност што значи тоа, нека ова биде и порака до Владата до идните Влади. Ние потрошивме 32 години со еден измислен термин, а тоа е децентрализација, нам не ни треба триесет и две годишна децентрализација треба Владата да им ги врати на општините правата и надлежностите кои ги имаше до деведесеттата година, секоја општина секој градоначални,  во своите надлежности да ги има сите локални ингеренции. Ги гледате градовите во светот како се добро уредени, чисти со одлични комунални решенија, со сообраќајни решенија, сето тоа што во нашиот главен град го немаме, изјави Миленковски. Оцени дека системот во општините како Софија, Братислава, Прага, Вашингтон треба да бидат пример за земјава. Напомена дека постапките за решенијата за одредена активност во некои од општините во државава се предолги.   -Сведоци сме дека премиери на сечење лента се присутни при отворање на училишта, тоа е неприродно за светот, премиерите, министрите не се занимаваат со примарна работа тоа е работа на општините, додаде тој. Дел од укажувањата на учесниците на конференцијата беа дека она што претставува проблем на локално може да биде проблем и на глобално, како и дека решенијата треба да се бараат преку соработка и размена на идеи. Беше укажано и дека искуствата кои треба да се земат од европските земји се само еден предуслов во целокупниот процес за модернизација на општините. Крајна цел треба да бидат еко-градови со решени  проблеми со кои се соочуваат граѓаните секојднево. На настанот е најавено учество на проф.д-р Карол Јанас, градоначалник на општина Поважска Бистрица во Република Словачка, Цвика Брот, градоначалник на општина Бат Јам во Израел и советник на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Светослав Василев, заменик-градоначалник на Ќустендил, д-р Андријана Цветковиќ, прв резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија.свс/лв/

Остани поврзан