• понеделник, 25 ноември 2024

Мета телефонски разговарал со вицепремиерот Меџити

Мета телефонски разговарал со вицепремиерот Меџити

Дебар, 27 август 2024 (МИА) - Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, телефонски разговарал со македонскиот вицепремиер и лидер на партијата Демократското движење, Изет Меџити.

-Имав задоволство да му честитам на претседателот на Демократското движење на Северна Македонија,  Изет Меџити, по повод првата годишнина од основањето на Демократското движење како алтернатива за промени, напиша Мета во објава на Фејсбук.

Во оваа прилика, додава, му посакав и успех на неодамнешните избори и високите должности како прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

-Албанците остануваат гарант на евроатлантскиот и европскиот пат на Северна Македонија, напиша Мета, објавувајќи фотографии од претходни средби со Меџити. вт/вг/

Фото: ФБ Илир Мета

 

Остани поврзан