• недела, 14 јули 2024

Меси им се заблагодари на навивачите за поддршката на Копа Америка

Меси им се заблагодари на навивачите за поддршката на Копа Америка

Мајами, 14 јули 2024 (МИА) – Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси искажа благодарност до навивачите, тренерите и соиграчите пред финалето на Копа Америка.

- Ова неверојатно патување немаше да биде возможно без работата на оние кои секогаш се на повидок и оние кои се зад сцената. Ви благодариме за вашиот напор и страст на сите наши соиграчи и стручен штаб, на нашиот национален тим и на сите Аргентинци кои дојдоа да не поддржат во САД и на оние кои не можеа да дојдат. Ги прегрнувам сите. Напред Аргентина! – напиша Меси на социјалните мрежи.

Финалето на Копа Америка помеѓу Аргентина и Колумбија ќе се игра во Мајами во 2 часот по полноќ по македонско време. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан